Европската комисија ја ревидира проценката за економскиот раст на Грција

Од:

Европската комисија ќе ја ревидира својата проценка за стопанскиот раст на Грција за оваа година на околу 2 отсто од претходно предвидените 2,7 проценти.

Намалувањето на проекцијата е последица од неизвесноста предизвикана од одолговлекувањето на грчките реформи предвидени со договорот за помош на Грција, кој опфаќа и исплата на кредити на земјата во износ од 86 милијарди евра.

Кредиторите од еврозоната и грчката Влада минатата недела постигнаа прелиминарен договор, кој треба да отвори пат за исплата на нова транша од помошта за Атина во наредните недели.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит