Вардар од Будимпешта ќе донесе најмалку едно злато, а првиот носител е Андреа Пенезиќ која ја освои наградата за најдобар стрелец.
Пенезиќ одигра одлична сезона и со 94 погодоци пред финалниот натпревар се наоѓата на врвот на листата на најдобри стрелци, скор кој може само да го подобри на дуелот со Ѓер.
Пред старот на големото финале, втората позиција и припаѓа на Изабел Гулден која со одличната партија во натпреварот за трето место постигна 9 погодоци со што нејзината вкупна бројка на погодоци изнесува 92.
Следни на листата се ракометарките на Будуќност Кристина Неагу со 90 и Катарина Булатовиќ со 89 погодоци.