Египќаните со мало мнозинство го поддржале новиот Устав

Од:

Египќаните со кревно мнозинство гласале за поддршка на Уставот, формулиран од исламистите а оспоруван од либералите, во првиот круг од референдумот, денеска изјави високо позициониран член на партијата „Муслиманско братство“, повикувајќи се на неофицијални резултати од пребројувањето на гласовите.

-Точно 56,5 проценти гласаа „за“, изјави високо позициониран претставник на Партијата за слобода и правда.

Партијата има претставници во речиси сите избирачки места во 10-те реони, вклучувајќи го и Каиро, каде се оддржа првиот круг од изјаснувањето.

Тој прецизира дека резултатите се темелат на пребројување на гласачките ливчиња во над 99 проценти од избирачките места.

Вториот круг во останатите реони на земјата ќе се оддржи во сабота.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски