Кошаркарите на Карпош Соколи го добија првиот натпревар од полуфиналната пресметка во плејофот со Работнички откако вечерва во доигрувањето без навивачи во салата „Градски парк“ победија со 77:76.
По инцидентите вчеравечер мечот беше прекинат при резултат 67:60 за АБА лигашот, предност која успеа да ја преточат во триумф по одигрувањето на последната четвртина во денешното продолжение.
При резултат 75:77 Ѓорѓи Чековски реализираше само едно од двете слободни фрлања, гостите не го искористија својот последен напад, а на спротивната страна Владо Илиевски не успеа да погоди тројка за триумф на Работнички.
Во другото полуфинале, МЗТ Скопје Аеродром води против Куманово исто така со 1-0 во победи.
Вторите натпревари во серијата прв до три победи ќе се играат на терените на Куманово и на Карпош Соколи.