Актуелниот НБА шампион Кливленд сигурно чекори кон одбраната на титулата откако ноќеска го совлада Торонто и поведе со 3-0 во полуфиналето од Источната конференција.
„Кавалирс“ предводени од Леброн Џејмс кој постигна 35 поени славеа победа на теренот на противникот со 115:94.
Кај Торонто најефикасен беше Демар Дерозан со 37 поени.
Победа за гостите и на вториот ноќешен дуел. Сан Антонио беше поуспешен од Хјустон со 103:92 за водство од 2-1 во серијата прв до четири победи.
Ниту 43 поени на Џејмс Харден не беа доволни Хјустон да го избегне поразот. Во победничкиот тим се истакнаа Каваи Ленард и Лемаркус Олдриџ со по 26 поени.