Концерт на Владимир Василевски-Четкар во Њујорк

Од:

По неодамнешната турнеја низ Азија, музичарот Владимир Василевски-Четкар се враќа во Њујорк каде што е неговата постојана адреса. Тој денеска ќе одржи концерт во светски познатиот њујоршки „Би Би Кинг блуз клуб“, каде настапуваат најзвучните имиња во светот на фанк, блуз и соул музиката.

Четкар ќе настапи на сцената Лусил, која е именувана по гитарата на блуз легендата Би Би Кинг. Ќе се претстави со авторска музика и ќе биде придружуван од Коди Роландс на труба, Алтасар Отесен на тенор саксофон, Сет Вивер на тромбон, Владан Мијатовиќ на клавијатури, Џејмс Квинлан на бас и Нолан Брд на тапани.

Македонскиот музичар неодамна настапи во Јужна Кореја на најпознатиот џез-фестивал Јарасум, кој е меѓу најголемите во светот. Фестивалот ја избра композицијата на Четкар „Heavenly“ за официјална музичка тема и направи музичко видео со најдобрите моменти од фестивалот.

Би можело да ве интересира

Започнува 6.издание на Џез фактори фестивалот во Битола

Ана Ололовска

Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ и стипендист на Беркли настапува вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Ана Ололовска

Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Македонска филхармонија

Ана Ололовска

Во недела започнува Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес

Горан Наумовски

Концерт на Младинскиот оркестар при ЦК „Трајко Прокопиев“ во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска