На вториот ден од новата офанзива во Мосул ирачките сили постигнаа напредок во ослободувањето на градот, бастион на џихадистите од ИД во оваа земја. Со офанзивата се прави обид за забрзување на ослободувањето на Мосул, градот што се уште во голем дел е под контрола на Исламска држава, соопштија денеска воени претставници.
-Џихадистичките групи со снајперски оган и автомобили-бомби се обидуваат да ги запрат владините сили, изјави заменик командантот на Деветата бригада на ирачката војска.
Според него, ирачките сили во настапувањето досега убиле околу 30 екстремисти и уништиле пет автомобили-бомби.
Портпаролот на заедничката оперативна команда за британските медиуми соопшти дека екстремистите немале време да направат прегради, како и дека од вчера е продолжен напредокот во градот.
Ирачките сили, со поддршка од САД, се обидуваат да го пробијат коридорот со кој ќе се извлечат стотици илјади цивили кои се заробени на територијата што е под контрола на ИД.