Во одбојкарското првенство на Македонија вечер ќе се одигра вториот натпревар од финалето.
Во дуелот за шампионскиот трофеј одбојкарите на Стумица против екипата на Пробиштип имаат водоство од 1-0 во победи во серијата подовар до три триумфи.
Струмичани во вторникот ја добија првата средба со максимални 3-0 во сетови, па вечер во Пробиштип ќе играат порастеретено, но во секој случај ќе се обидат и да ја оправдаат улогата на фаворит.
Екипата на Струмица веќе освои еден трофеј откако во финалето на националнио Куп на Македонија ја победи екипата на Лешок со 3-0.
Вечерашниот втор финален меч меѓу Пробиштип и Струмица ќе се игра во салата на СС „Софија Петровска“ во Пробиштип со почеток од 20:30 часот.