Северна Кореја ја обвини американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) дека „подготвувале заговор“ со Јужна Кореја да го убијат севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
– ЦИА и разузнавачките служби на Јужна Кореја подготвувале злобен заговор сo неодредени биохемиски супстанции да го убијат Ким Џонг-ун за време на официјална церемонија во Пјонгјанг, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.