„Голдман Сакс“: Брегзит претставува ризик за лондонски Сити

Од:

Генералниот директор на втората по големина инвестициска банка во светот, американската „Голдман Сакс“, Лојд Бленкфеин предупредува дека Лондон ќе претрпи загуби поради ризиците што со себе ги носи процесот на Брегзит.

Во интервју за Би-Би-Си, тој изјави дека неговата банка, која вработува над 6.500 лица во Велика Британија, има изготвено прецизен план за преселување на друга локација, во зависност од тоа како ќе течат преговорите на Велика Британија со ЕУ за излез од Унијата.

– Верувам дека до тоа нема да дојде и сакам нашата банка да ги задржи своите активности во Лондон и Британија, но тоа ќе зависи од развојот на настаните, рече Бленкфеин.

Според него, „Голдман Сакс“ преговорала со управите на повеќе градови во земјите на ЕУ и бара соодветен голем простор за сместување на една банкарска компанија, како што е оваа.

Тој потврди дека вакви преговори се водени со Франкфурт, финанскиот центар на Германија и со Даблин, главниот град на Ирска.

Бленкфеин не верува дека Лондон целосно ќе ја загуби позицијата на финансиски центар во светот што ја гради повеќе од 30 години, но се согласува дека работите нема да бидат онакви какви што се сега, иако се ќе зависи од многу работи околу Брегзит во врска со финансиските движења.

– Треба да се знае дека Брегзит нема да заврши со потпишувањето договор на крајот од двегодишните преговори, на почетокот од пролета 2019 година, затоа што ќе бидат потребни дополнителни неколку години, како период за имплементација на она што ќе биде договорено, вели Лојд Бленкфеин.

Над еден милион лица работат во финансискиот сектор на Велика Британија, најголем број од нив во Лондон. Од овој сектор, во британската државна каса, како разни даноци, влегуваат 70 милијарди фунти, што е 11,5 отсто од сите приходи на Велика Британија.

Многу од овие приходи може да ги снема, посебно од лондонскиот Сити, доколку договорот за Брегзит биде неповолен или доколку не се постигне никаков договор со ЕУ.

Европското седиште на „Голдман Сакс“ сега е во Лондон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска