И покрај санкциите кон Москва, воведени од ЕУ и САД, трговската размена меѓу Германија и Русија во првите два месеци од 2017 година пораснала за 43 отсто во споредба со истиот период лани, се вели во извештајот на германско – руската трговска комора.
Во бројки, вкупната трговска размена во јануари и февруари го достигнала нивото од 6,7 милијарди евра, јавува дописникот на МИА од Берлин. Кај германскиот извоз, растот е 26 отсто, а кај рускиот извоз растот е на ниво од 55 отсто, се вели во извештајот, кој цитира анализи на германската царина.
Според германско – руската трговска комора подобрените трговски односи меѓу двете земји се должат на подобувањата на перформансите на руската економија и на порастот на цените на нафатата и нафтените деривати.
Германија е еден од најголемите поддржувачи на санциите воведени од ЕУ и САД кон Русија поради нејзината улога во кризата во Украина.