Хан: Парламентот мора непречено да работи

Од:

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување Јоханес Хан на денешната средба со Талат Џафери, кој минатата недела беше избран од парламентарното мнозинство за претседател на Собранието на Република Македонија, порачал дека македонскиот законодавен дом сега треба непречено да работи и повикал сите пратеници да имаат конструктивна улога, без провокативни изјави и активности.

– Парламентот сега мора непречено да работи. Сите пратеници вклучувајќи ја и опозицијата се очекува да бидат конструктивни, а не да имаат опструкциска улога, и сите актери да се воздржуваат од провокативни изјави и активности. Парламентот мора да биде форум за дебата за сериозните предизвици со кои се соочува земјата и да ги овозможи потребните гаранции за напредување на земјата во интерес на сите граѓани и заедници, се наведува во соопштението од Кабинетот на Хан.

Според еврокомесарот, фокусот сега треба да биде ставен на следните чекори во процесот на формирање влада почитувајќи го парламентарното мнозинство и однесувајќи се во согласност со Уставот и демократските принципи.

Хан го поздравил изборот на Џафери од страна на парламентарното мнозинство и ја изразил подготвеноста на Унијата да соработува со него за напредување на реформската агенда, вклучувајќи ја тука и имплементацијата на договорот од Пржино и Итните реформски приоритети.

На средбата еврокомеасарот Хан ја повторил силната осуда на, како што стои, смислени напади на паралментарците и новинарите во Парламентот. Предупредил дека секое повторување на вакви акти може сериозно да ја загрози европската перспектива на земјата.ж

Џафери, како што најави неговиот кабинет, е во прва официјална посета на Брисел на покана на првите луѓе во ЕУ и ЕП.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги