Напаѓачот на Челзи, Диего Коста потпиша преддоговор со кинески Тијанџин.
Според лондонски медиуми, Коста ќе заработува 30 милиони евра по сезона, а клубот од Кина ќе исплати обештетување за Челзи од 90 милиони евра.
Коста дојде во Челзи од Атлетико Мадрид во 2014 година и на 115 официјални натпревари постигна 57 глови. Тијанџин го предводи Фабио Кнаваро, а за тимот играат и Алесандро Пато и Аксел Витсел.