Во општина Илинден отворена изложбата „Живот во бои“ на Андријана Мациев

Од:

Изложбата „Живот во бои“ на ликовниот уметник Андријана Мациев е отворена во Домот на културата во општина Илинден.

Љубителите на уметноста имаат можност да видат 50-тина дела од оваа млада авторка, која има остварено повеќе самостојни изложби во земјата и во странство.

Андријана Мациев дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Учествувала и на повеќе групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата. Учесник е на многу манифестации и перформанси каде што се негува и почитува уметноста.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска