Норвешка подобра од светскиот шампион Франција

Од:

Во „репризата“ на финалето од Светското првенство, ракометната селекција на Норвешка го совлада светскиот првак Франција со 35:30 на домашен терен.

Ова беше и најинтересниот дуел од 3. коло од квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018.

Покрај овој натпревар синоќа се одиграа уште седум дуели, а вечерва на програмата се шест.

Македонија го пречекува Исланд, а последниот дуел на овие две селекции одигран на СП во Мец заврши нерешено 27:27.

Распоред и резултати на дуелите од 3.коло по групи.

Група 1: Летонија – Холандија 27:29 и Унгарија – Данска (играат вечерва).

Табела: Данска 4, Унгарија 4, Холандија 2, Летонија 0.

Група 2: Белрусија – Полска и Романија – Србија (играат вечерва).

Табела: Романија 4, Белорусија 2, Србија 2, Полска 0.

Група 3: Австрија – Шпанија 29:30 и Финска – Босна и Херцеговина(играат вечерва).

Табела: Шпанија 6, Австрија 2, Финска 2, Босна и Херцеговина 0.

Група 4: Украина – Чешка 26:23 и Македонија – Исланд (вечерва почеток 20 часот).

Табела: Украина 4,Чешка 2, Македонија 2, Исланд 2.

Група 5: Словениа – Германија 23:32 и Швајцарија – Португалија (играат вечерва).

Табела: Германија 6, Словенија 3, Португалија 1, Швајцарија 0.

Група 6: Русија – Шведска 21:29 и Словачка – Црна Гора 27:27.

Табела: Шведска 6, Русија 2, Словачка 2, Црна Гора 2.

Група 7: Норвешка – Франција 35:30 и Белгија – Литванија 29:33.

Табела: Франција 4, Норвешка 4, Литванија 4, Белгија 0.

Натпреварите од 4.коло ќе се играат во деновите на викендот (6 и 7.мај).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ