Убедливи победи на домашните екипи во НБА плеј офот

Од:

На двата натпревара одиграни ноќеска во рамките на НБА плеј офот домашните екипи остварија убедливи победи.

Кливленд го совлада Торонто со 125:103 и поведе со 2-0 во полуфиналната серија, додека Сан Антонио беше подобар од Хјустон со 121:96 и изедначи на 1-1 во победи. И на двата дуела поразените тимови имаа минимално водство само на почетокот на натпреварите.

На дуелот Кливленд – Торонто најпрецизен беше Леброн Џејмс, кој постигна 39 поени, а Кајри Ирвинг беше стрелец на 22, двајцата од Кливленд. Каваи Ленард од Сан Антонио со 34 поени беше најефикасниот на дуелот Сан Антонио – Хјустон.

Во следните два дуела од серијата предноста на домашен терен ќе ја имаат Торонто односно Хјустон.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот