Изложба „Охридски филиграни“ во Софија

Од:

Во Културно–информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Охридски филиграни“ на Мирјана Николоска.

Мирјана Николоска е родена во Охрид, каде што живее и работи. Со изработката на филигрански мотиви, Мирјана Николоска ја продолжува традицијата на еден од најстарите и најубави занаети кој се одржал низ вековите. Таа создава исклучителни, уникатни и оригинални дела кои се типични за Македонија. Со нејзините креации таа ја негува традицијата, културата и македонското наследство.

Филиграните се изработени од компресирана хартија со срмен конец – во сребрени и златни варијации, декорирани со монистри и оригинални охридски бисери. Овие рачно изработени филиграни се во различни големини, зависно од композицијата, секој поодделно е уникатен, оригинален и препознатлив за македонското поднебје. Филиграните се изложени во многу продавници за сувенири во Македонија – во Скопје, Охрид, Вевчани. Авторката има остварено изложби во многу градови низ Македонија.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи