ВИДЕО: Како беше извлечен Зијадин Села – исповест на човекот што му го спаси животот

Од:

Села е во стабилна состојба; Човекот што му го спаси животот зборува за часовите на ужас.

Припадникот на собраниското обезбедување, Абдулфетах Алими од кумановско Оризаре за Алсат–М, раскажува за тешките моменти што ги минал кога го спасувал Села од насилниците.

„Беше тежок момент. Ме викна моја колешка, „Фетах, дојди зашто го убиле Села. Претходно, неколку минути бев во несвест, но Господ ми даде сила да трчам долу до првиот спрат. Кога дојдов до клубот на пратениците, го видов г-дин Села како лежи целиот облеан во крв. И јас помислив дека е мртов. Но, забележав дека дише, дека има пулс. Таму беа двајца хулигани на кои им реков „тргнете се зашто е мртов“, а тие помислија дека работата е завршена“. – изјави Абдулатиф Алими- обезбедување на Собранието

Абдулфетах го земал Села на грб и го однел во канцеларија на најгорниот кат.

„Кога влеговме, тој беше во тешка состојба. Јас го легнав на подот и ме праша „кој си“. Тогаш му кажав дека сум Фетах од собраниското обезбедување. Му дојде голема надеж, силна надеж. Ми рече: „Фетах, во твои раце сум“. Во тој момент му реков: „Зијадин, ако ме убијат, прости ми“. – додава Алими

Абдулфетах и Села неколку часа биле сами. Во меѓувреме, во канцеларијата дошла медицинската сестра од Собранието за да му даде инфузија. Часовите на ужас Абдулфетах ги објаснува како еден век. Неколку часа подоцна стигнала група полицајци кои помогнале во нивното евакуирање. Свежи се сеќавањата на Алими за таа ноќ, а сликите од насилството го прогонуваат секојдневно.

Би можело да ве интересира

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Села најави политичка офанзива по ребрендирањето во „Албанска лига“

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски