Дербито на 31. коло од Првата фудбалска лига што попладнево се одигра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје меѓу Работнички и Пелистер заврши без победник 1:1.
Гостите од Битола поведоа со голот на Филип Петров во 5.минута, а Работнички изедначи преку Филип Дурански во 45+2 минута.
Лидерот на табелата и шампион Вардар одигра нерешено на гостувањето во Штип со Брегалница 3:3. Во натпревар со пресврти Вардар водеше со 2:0, а потоа Брегалница поведе со 3:2. „Црвено-црните“ изедначија во судиското надополнување на вториот дел.
Во Прилеп, Победа ја совлада Шкендија со 1:0, а триумф дома од 2:1 постигна и Ренова против Шкупи.
Единствената гостинска победа ја оствари Силекс, кој со 1:0 ја совлада Македонија ЃП.
Табела: Вардар 72 бода, Шкендија 59, Работнички 49, Пелистер 45, ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 26, Брегалница 21, Македонија ЃП 19.