За Меркел, Турција е главниот партнер во војната против тероризмот

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека Турција треба остане главниот партнер на западот во борбата против тероризмот, јавува дописникот на МИА од Берлин.

– Ние во Европа мораме заедно да разговараме каков вид на идни односи сакаме со Турција. Не треба да оттурнуваме таков партнер дури и во контекст на негативниот развој на настаните за коишто мораме да реагираме, изјави Меркел за денешното издание на весникот „Берлинер цајтунг“.

Според канцеларката, Турција е важен партнер во битката против тероризмот и НАТО и ЕУ мораат да ги задржат добрите односи со Анкара со цел да ги обезбедат своите интереси.

Денешниот коментар на Меркел е целосно спротивен на позициите на Европската Унија, чии лидери директно ја критикуваa Турција за недостаток на демократија и толеранција и на Европскиот парламент кој побара запирање на преговорите за членство во ЕУ.

Во друго интервју на Меркел за германските медиуми денеска таа ги отфрли барањата за укинување на двојните државјанства за околу три милиони Турци во Германија. Ова прашање според неа нема да биде тема на дебатата во пресрет на изборите закажани за септември како што тоа било на изборите во 1999 година што придонесло за менување на легислативата за двојните државјанства во 2000 година, пишува весникот „Келнер Штад Анцајгер“.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници