Естонија, во својство на претседавач со Советот на Европска унија во втората половина од годината ќе работи на заживување на економијата на ЕУ, изјави естонскиот премиер Јури Ратас.
– Силната економија се заснова на отворен иновациски економски модел. Целта на Естонија е да придонесе за заживување на економијата на ЕУ и за создавање на современи работни места, посочи Ратас.
Тој додаде и дека Естонија како претседател ќе предложи конкретни современи решенија за поголема заштитеност и безбедност во една отворена Европа.
На денешната седница на естонската Влада е одобрена програмата, која се состои од четири приоритети – отворена Европа со иновативна економија, безбедна и заштитена Европа, дигитална Европа со слободен проток на инофрмации, посветена и одржлива Европа.