Нови стотици нелегални имигранти се истоварија на островот Лампедуза

Од:

Два брода со околу 440 африкански мигранти се укотвија денеска на малиот италијански остров Лампедуза.

Од Северна Африка пристигна нов повеќеилјаден бран мигранти без документи, соопштија италијанските медиуми.

Италијанската крајбрежна стража во текот на ноќта ги запре бродовите на отворено море, јужно од скалестиот остров, сместен поблиску до Африка отколку до крајбрежјето на Апенинскиот полуостров.

Првиот од бродовите истовари 218 мигранти од Субсахарска Африка,меѓу кои седум жени, додека вториот уште 220 лица, вклучувајќи и 20 жени, прецизира крајбрежната стража, цитирана од медиумите во Италија.

Повеќето бродови, што пристигнуваат на островот Лампедуза, доаѓаат од Либија, напоменуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески