Продолжуваат ракометните квалификации за ЕП

Од:

Денеска и утре, со средбите од 3.коло ќе продолжат квалификациите за Европското првенство за ракометари што следната година ќе се одржи во Хрватска.

За нас, најинтересен секако ќе биде настапот на македонската репрезентација која утревечер од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го игра првиот од двата натпреври против селекцијата на Исланд. Ова е дуел од квалификациската група 4, во која попладнево својот меч од 3.коло ќе го играат Украина и Чешка.

По двете одиграни кола сите четири селекции имаат по два бода.

Двојките во останатите шест групи за оваа рунда се:

Група 1: Летонија – Холандија (среда) и Унгарија – Данска (четврток).
Табела: Данска и Унгарија по 4 бодови, Холандија и Летонија 0.

Група 2: Белорусија – Полска и Романија – Србија (четврток)
Табела: Романија 4 бодови, Белорусија и Србија по 2, Полска 0.

Група 3: Австрија – Шпанија (среда) и Финска – Босна и Херцеговина (четврток).
Табела: Шпанија 4 бодови. Австрија и Финска по 2, БиХ 0.

Група 5: Словенија – Германија (среда) и Швајцарија – Португалија (четврток).
Табела: Германија 4 бодови, Словенија 3, Португалија 1, Швајцарија 0.

Група 6: Русија – Шведска и Словачка – Црна Гора (среда).
Табела: Шведска 4 бодови, Русија 2, Словачка и Црна Гора по 1.

Група 7: Норвешка – Франција (среда) и Белгија – Летонија (четврток).
Табела: Франција 4 бодови, Норвешка и Литванија по 2, Белгија 0.

Натпреварите од следното 4.коло ќе се играат претстојниот викенд.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ