Сиријци ограбиле охриѓанец

Од:

Двајца Сиријци вчера врзале охриѓанец во неговата плевна и го ограбиле.

Како што соопшти МВР, вчера околу шест часот во Охрид на улицата „Стив Наумов“, во сопствената плевна, З.Ќ. од Охрид затекнал две непознати лица (најверојатно од Сирија) како спијат. Во тој момент едно од лицата му се заканило со пиштол и со пластични врвки му ги врзале рацете. Откако го заврзале му одзеле приврзок со клучеви, велосипед и еден дуксер, по што побегнале во непознат правец.

З.Ќ. бил пронајден во 7:15 часот и не бил повреден, а од МВР преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби