Рекордни 53 поени на Томас во победата на Бостон над Вашингтон

Од:

Екипата на Бостон поведе со 2-0 во победи против Вашингтон во полуфиналето на Источната конференција на НБА плејофот.

„Селтикси“ пред својата публика го победија Вашингтон со 129-119 по продолжение откако регуларниот дел заврши нерешено 114-114.

Најзаслужен за оваа победа на Бостон беше Аизеа Томас кој средбата ја заврши со рекордни во плејофот за него 53 поени од кои 29 во последната четвртина и продолжението. Покрај Томас голем придонес имаше и Ал Хорфорд со дабл-дабл учинок од 15 поени и 13 скокови.

Во редовите на Вашингтон најдобар поединец беше Џон Вол кој исто така оствари дабл-дабл учинок со 40 поени и 13 асистенции, но ниту еден поен во продолжението. Следните два натпревари ќе се играат во Вашингтон.

Во вториот дуел од синоќешната програма. Тимот на Голден Стејт поведе со 1-0 во победи во полуфиналето на „западот“ откако забележа триумф пред домашната публика против Jута во дуелот со 106-94.

Комплетната стартна петорка кај победничката екипа, натпревраот го заврши со двоцифрен број на поени, а најмногу 22 имаше Стеф Кари, додека Кевин Дурант и Драмон Грин постигнаа по 17 поени.

И следниот натпревра ќе се игра во Оункланд.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот