Факултетот за образовни науки (ФОН) заедно со Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип денеска организираат едукативна посета на археолошкиот локалитет Баргала.
Во рамки на настанот, како што е најавено, студентите ќе бидат едуцирани за локалитетот, а дел од студентите од Ликовната академија ќе изработат и слики со мотиви од Баргала.
Сите слики кои ќе бидат создадени на локалитетот Баргала ќе бидат претставени на изложба насловена „Градот Баргала преку четката и моливот на студентите од ликовна академија“, а студентите од ФОН ќе пишуваат есеи за овој локалитет.