Воз удри фиеста, возачот во животна опасност

Од:

Патничкиот меѓународен воз кој сообраќа на релација Скопје – Приштина вчера попладне удрил во патничко возило „форд фиеста“, управувано од Д.С. (77) од Скопје, соопшти полицијата.

Возачот на фиестата е тешко повреден и во животна опасност.

Несреќата се случила во 16:30 часот на делот од пругата меѓу железничките станици Ѓорче Петров и Волково, а Д.С. со итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Маја Тереза“.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Скопје. За време на увидот, од 16:30 до 20:04 часот, железничкиот сообраќај беше во прекин.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски