Од движењето БЕСА побараа од министрот за внатрешни работи, Нухиу и Основното јавно обвинителство итна истрага за како што кажаа „терористичкиот упад во Собранието, во крвавиот четврток“.
Тие велат дека полицијата не била на висина на задачата и пред нејзини очи е нападната највисоката институција.
– Сторителите треба да си ја добијат заслужената казна, велат од БЕСА.
Од движењето БЕСА најавија дека ќе достават барање до новиот преседател на Собранието, Талат Џафери, да формира Комисија во Собранието за истражување на случајот.
Виктор Јованов