Екипите на Кливленд и Хјустон поведоа со 1-0 во победи во конференциските полуфинални дуели со Торонто односно Сан Антонио.
Шампионот Кливленд пред својата публика го победи Торонто со 116:105, во првиот полуфинален меч од источната конференција.
Тројца играчи во домашниот тим имаа дабл-дабл учинок и тоа: Леброн Џејмс средбата ја заврши со 35 поени и 10 скока, Кајри Ирвинг на 24 поени придодаде и 10 асистенции, а Тристан Томсон покрај 11 поени имаше и 14 скокови.
Во западната конференција. Кошаркарите на Хјустон реализираа дури 22 „тројки“ во дуелот со Сан Антонио на гостински терен кој го добија убедливо со 126:99.
Тревор Ариза со 23 поени беше најефикасен, додека Џејмс Харден оствари дабл-дабл со 20 поени и 13 скока. Кај „Спарси“ најзабележителен беше Кавај Леонард со 21 поен и 11 скока.
Вторите дуели ќе се играат повторно во Кливленд и Сан Антонио веќе четврток наутро.