Талат Џафери во интервју за Хрватската радиот телевизија кажа дека тој е легален и легитимен претседател на македонскиот парламент имајќи во предвид дека таквата одлука е донесена од мнозинството пратеници на 27. април, изјави Талат Џафери за ХРТ.
Тој смета дека ситуацијата во Македонија не би смеело да се прикажува како „вонредна“, иако во политичка смисла е сложена, но треба да се решава со политички средства.
– Доколку претседателот Иванов во рок од десет дена не го даде мандатот за составување на влада на парламентарното мнозинство, тогаш тој прави кривично дело. Тој мора да го даде мандатот, бидејќи Уставот и законот не признаваат недавање на мандат, рече Џафери.
– Ако мандатот не биде доделен тогаш парламентот може да започне постапка за негово отповикување, но за тоа е потребно двотретинско мнозинство, кое што моменталното парламентарно мнозинство го нема, додаде Џафери.
На прашањето дали декларацијата на албанските партии го руши суверенитетот на Македонија, Џафери одговори дека не се работи за никаква декларација туку за партиски договор за постизборна соработка.
– Хаосот во Македонија е политички мотивиран, во смисла на неспремност за пренос на власта. За тоа е најодговорен директно Груевски, а индиректно Иванов, смета Џафери.