Левица Куманово ги повика работниците да ги бараат своите права

Од:

Работниците да се приклучат кон автономни синдикати за да ги бараат своите права, повикаа членовите на Левица од Куманово на денешната прес-конференција.

Први Мај, не е само ден на трудот, рече Никола Крстевски од Левица од Куманово, туку ден на интернационалната борба на работниците за поправичен свет. Кога зборуваме за работници, нагласи, не се тоа само луѓе во сини манитли во индустријата, туку работник е секој оној кој го продава својот труд за плата.

– Ги повикуваме сите работници да не се конфронтираат во дадената ситуација, туку да се активираат во услови кога платите на работниците доцнат повеќе од неколку месеци, кога работниците работат прекувремено без да добијат соодветен надоместок, кога не е испочитувано правото на породилно отсуство и ред други права немаме оправдување да бидеме сервилни и неактивни, изјави Крстевски.

Тој ги повика работниците да се организираат во автономни синдикати, здруженија, групи, во соработка со Левица, како што рече, единствената работничка партија во Македонија што придонесува за остварување на работничките права .Потсети дека Левица организира првомајски протест во Кавадарци ,додавајќи дека тој град е избран, бидејќи нивни член е избркан од работа поради синдикален активизам, а додаде дека денеска и во Скопје се одржува протест, организиран од неколку автономни синдикати.

– Ги повикуваме сите работници да ја остават скарата на страна и да ги побараат своите права, рече Крстевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Мојсоска, како пратеник, не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ додека глумат револуционери ја користат партијата за лично богатење

Германската левица го дуплира членството

Левица: Наместо во сметките на Заеви и Мијалков, ДПМНЕ неовластено следи наши пратеници, додека го крие својот имот

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Вистинското лице на Мојсоска и останатите од Левица е разобличено и демаскирано, никој веќе не им верува

Манасиевски: Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува