Батиста пуштен од затвор, одреден му е домашен притвор

Од:

Бразилецот Еике Батиста, кој пред пет години беше на листата 10 најбогати луѓе во светот, пуштен е од затвор и одреден му е домашен притвор, соопштија властите на Рио де Жанеиро.

Тој бил пуштен вчера изутрина и се минало без инциденти.

Батиста (60), кон крајот на јануари беше уапсен поради обвиненија за корупција. Тој е осомничен дека давал мито на поранешниот гувернер на државата Рио, а налогот за неговото апсење беше издаден кога тој не беше во земјата.

Батиста пред пет години имаше нето заработувачка од 30 милијарди долари, што го стави на листата 10 најбогати луѓе во светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск