Со двата натпревара одиграни попладнево, комплетирано е 31. коло во германската Бундес лига.
Екипата на Аугсбург пред своите симпатизери забележа убедлива победа над Хамбургер со 4-0.
Во вториот натпревар Хофенхајм со голот Бенџамин Хубнер во последната минута (90) минимално со 1:0 го совлада Ајнтрахт.
На претходно одиграните натпревари беа постигнати следниве резултати:
Баер Леверкузен – Шалке 1-4,
Борусија Дортмунд – Келн 0-0,
Лајпциг – Инголштат 0-0,
Дармштат – Фрајбург 3-0
Мајнц – Борусија Менхенгладбах 1-2,
Вердер – Херта 2-0 и
Волфсбург – Баерн Минхен 0-6
На три кола до крајот Баер ја одбрани шампионската титула бидејќи има (73) недостижни 10 бодови предност во однос на второ пласираниот Лајпциг (63).
По водечкото дуо на табелата следуваат: Борусија Дортмунд 57, Хофенхајм 58, Херта 46, Вердер 45, Фрајбург 44