Грчката крајбрежна стража откри 18 тела на илегални имигранти во Егејско Море

Од:

Грчката крајбрежна стража пронајде тела на 18 илегални имигранти во Егејско Море во близина на островот Лезбос, јави БТА.

Жртвите се на возраст меѓу 20 и 45 години.

Синоќа крајбрежната стража во областа пронашла 20-годишен странец со хипотермичен шок, кој подоцна е сместен во болница. Тој раскажал дека во петокот изутрина тргнал со турски шверцер и уште 26 лица со гумен чамец од турскиот брег кон островот Лезбос. На средината од патот чамецот се превртел.

Властите заедно со претставници на Агенцијата за надворешни граници на Европската унија (ФРОНТЕКС) од вчера го пребаруваат регионот, но поради студот и лошите временски услови не се очекува да има преживеани.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција