Во фудбалскиот шампионат на Макеоднија попладнево ќе се играат натпревраите од 30. коло во Првата лига.
Актуелниот шампион и лидер на табелата Вардар пред своите симпатизери на арената „Филип Втори“ во Скопје, ќе ја пречека екипата на Победа.
Во Кратово, Силекс е домаќин на штипска Брагалница, а во Битола, Пелистер ќе се сретне со Македонија Ѓорче Петров.
Во Тетово кај Ренова гостува Работнички, а во последниот меч ќе се сретнат Шкупи и Шкендија.
Табела: Вардар 68 бодови, Шкендија 58, Работнички 47, Пелистер 41, Ренова 41, Силекс 36, Шкупи 32, Победа 26, Брегалница 20 и Македонија ЃП 19.