Демократски сојуз бара политичка и кривична одговорност за настаните во Собранието

Од:

„Демократскиот сојуз бара темелна истрага и одговорност за сите инволвирани во насилничкото и крваво сценарио насочено против Република Македонија.

Демократскиот сојуз бара од МВР и Јавното обвинителство, да спроведат неселективна брза, ефикасна и сеопфатна истрага против организаторите на насилството во Македонскиот Парламент, насилство со кое се поткопаа темелите на државата и е во функција на сценариото за целосна дестабилизација и разнебитување на Македонија.

Демократскиот сојуз инсистира пратениците кои ги тргнаа заштитните пречки од вратата на главниот влез во Парламентот и од каде влегоа протестантите, веднаш да си поднесат оставка. Тоа е нивна морална обврска и одговорност.

Одговорност мора да понесат и инспираторите, организаторите и директните учесници во овие насилнички процеси.

Демократскиот сојуз повикува граѓаните да останат присебни и смирени и да не учествуваат на протести, се со цел да се даде простор на политичкиот дијалог и обезбеди мирен трансфер на власта преку избор на нова Влада и стабилизирање на состојбите“ се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање