FX3X во вториот дел од „Чувари на Галаксијата“

Од:

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти FX3X учествуваше во креирањето на визуелните ефекти и на вториот дел на Марвеловите „Чувари на Галаксијата“, кој ќе почне да се прикажува во Скопје од следниот четврток (4 мај).

Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на FX3X и извршен продуцент, на овој проект работеле вкупно 68 артисти од ноември минатата година до февруари 2017-та.

– Овој проект го работевме во соработка со Метод студиос и на филмот беа изработени околу 60 кадри. Со нетрпение очекуваме да го видиме конечниот резултат. Од она што се навестува за филмот низ медиумите и форумите, не очекува забава која е типична за Марвел. За визуелните ефекти оставам да погледнете и сами да оцените, изјави Даниловски.

Филмот е во режија на Џејмс Ган со спектакуларната актерска екипа составена од Крис Прат, Зое Салдана, Дејв Батиста, Бредли Купер, Карен Гилан, Пом Клементиеф, Елизабет Дебитски, Крис Саливан, Шон Ган, Силвестер Сталоне и Курт Расел.

Чуварите мора да се борат за да го одржат своето новостекнато семејство додека Питер Куил го открива своето потекло, притоа старите непријатели стануваат сојузници, а милениците на фановите од популарниот стрип се одзиваат на повикот за помош како што Марвеловиот филмски универзум продолжува да се шири.

Премиерата на вториот дел на „Чувари на Галакасијата“ е закажана за 3. мај во киното Синеплекс.

Би можело да ве интересира

ФХ3Х во третата сезона на Star Trek Discovery

Ана Ололовска

Меѓу номинираните за Оскар за визуелни ефекти повторно филм на кој работеше FX3X

Наум Локоски

ФХ3Х учествуваше во ефектите на шест од 20 филма во трка за номинација за Оскар, утре премиера на Аквамен

Ана Ололовска

Премиера на „Мег“ – ајкулата чудовиште, ФХ3Х дел од ефектите

Ана Ололовска

Премиера на „Одмаздници: Војна на Бесконечноста“, ФХ3Х работеа на ефектите

Ана Ололовска

Премиера на „Томб Раидер“ со Викандер, ФХ3Х учествуваа во ефектите

Ана Ололовска