Трамп ги оцени првите 100 денови како „многу продуктивни“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени неговите први 100 денови на функцијата шеф на државата како „многу продуктивни“ и им порача на своите приврзаници во Пенсилванија дека „големите битки“ кои го чекаат ќе бидат извојувани.

Во својот говор Трамп ги нападна медиумите и својот претходник Барак Обама, изразувајќи ја поддршката за американската индустрија и војската, својата позиција во надворешната политика и го повтори своето мото „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Тој истакна дека ја избрал Пенсилванија за одржување на собир, бидејќи сакал да биде подалеку од Вашингтон, каде синоќа се одржувала традиционална годишна вечера на здружението на известувачи од Белата куќа.

Нагласувајќи дека е воодушевен што е далеку од „вашингтонското мочуриште“ и „здодевната вечера“, американскиот претседател им се потсмевал на „лажните вести“ на Си-Ен-Ен и на „неуспешниот“ Њујорк тајмс.

– Тие се срам, изјави Трамп.

Тој додаде дека потпишал голем број извршни наредби, оценувајќи дека бил „многу продуктивен“ и покрај „хаосот“ кој му го оставиле администрацијата на Обама.

Трамп го изрази својот цврст став ком миграцијата и радикалните исламистички терористи, за кои нагласи дека ќе ги држи подалеку од Америка.

Зборувајќи за кинескиот колега Си Џинпинг, тој призна дека се откажал од етикетирање на Кина како манипулатор, додавајќи дека е потребна флексибилност бидејќи Џинпинг е добар човек кој се обидува да му помогне околу Северна Кореја.

Американскиот претседател потенцираше и дека неговата администрација овозможила околу 180.000 нови работни места.

Би можело да ве интересира

Гренланд утре оди на клучни избори

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски