Ѓорѓевиќ: Ме чуди што Груевски стана патриот во српските медиуми, а апсеше српски владики и го призна Косово

Од:

Известувањето на одредени провладини српски медиуми за бруталниот напад во македонското собрание е изненадувачко, бидејќи се оправдува насилството, наведува српско-рускиот портал Кремлин.

– Ме чуди што медиуми блиски до власта и некои политичари наоѓаат разбиирање за Никола Груевски, упадот во парламентот и линчот на пратениците, вели аналитичарот и уредникот на Нова Српска политичка мисла, Ѓорѓе Вукадиновиќ,а го пренесува српско-рускиот информативен портал Кремлин.

– Зачудувачки е како сега Груевски е жртва, патриот и близок на Србите, кога тој е човекот што апсеше српски владики и ги поддржуваше Албанците со оглед дека ја призна независноста на Косово и гласаше за влез на Приштина во УНЕСКО. Зачудувачки е како Груевски беше антисрпски настроен, а сега е херој на српството. Загрижува поддршката и болна блискост на властите во Скопје, Подгорица и Белград, вели Вукадиновиќ.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги