Завршница на одбојкарскиот Куп на Македонија

Од:

Во одбојкарскиот Куп на Македонија денеска во Струмица ќе се одиграат завршните финални натпревари во двете конкуренции.

Кај дамите за трофејот во националниот куп ќе се борат минатогодишниот финалист екипата на Јанта Волеј и составот на СВСК.

Во машка конкуренција, во финалето ќе играат екипите на Лешок и домаќинот Струмица.

Натпревраите ќе се играат во термините од 13 и 16 часот, во салата средното училиште „Димитар Влахов“ во Струмица.

Со ова практично започнува и распределбата на трофеите во сезонава во македонската одбојка. Имено, веќе на 2 мај закажан е и првиот меч во финалето од плејофот во женска конкуренција во кое актуелен шампион Јанта Волеј повторно ќе игра против екипата на СВКС, додека ден подоцна (3 мај) ќе се игра првиот финален плејоф меч кај мажите во кој за трофејот ќе се борат Струмица и Пробиштип.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ