Германското МНР со реакција за состојбата во Македонија

Од:

Германското Mинистерство за надворешни работи денеска реагира на вчерашните настани во македонскиот парламент.

– Талат Џафери е избран претседател на парламентот. Овој избор како и резултатите од парламентарните избори мораат да бидат почитувани од политичките противници. Очекуваме владата да го обезбеди јавниот ред и мир во земјата.

– Лидерите во Скопје треба своите европски обврски да ги претворат во дела, да ги прифатат резултатите од изборите и истите да ги имплементираат, се вели понатаму во реакцијата на прес службата на министерството за надворешни работи на Германија.

Според прес службата на германското МНР за оваа јасна порака денеска бил информиран и македонскиот амбасадор во Берлин Сашо Марковски кој бил повикан на разговор во врска со вчерашните инциденти во македонското собрание, се вели во писмената изјава испратена до МИА.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Германските власти спречија можен напад, уапсени се пет лица

Мерц: САД агресивно ги следат своите интереси, Германија мора да ги следи своите