Рускиот опозиционер Алексеј Навални одново нападнат со боја

Од:

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални е префрлен во болница, откако врз неговото лице била фрлена антисептична боја.

Инцидентот се случил во Москва, во непосредна близина на зградата каде се наоѓа седиштето на Фондот за борба со корупција , што тој го има формирано.

Ова е вторпат, годинава, Навални да биде физички нападнат.

„Бојадисан во лицето, изгледам смешно, но тоа ужано боли“, напиша Навални на својата страница на Твитер.

По прегледот во болницата, лекарите констстирале изгореници по лицето од хемикалии, како и повреда на едното око. Полицијата соопшти дека не знае кој стои зад нападот.

Алексеј Навални е еден од најжестоките критичари на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој претходно соопшти дека ќе се кандидира за претседателските избори во Русија, предвидени за идната година, но шансите да учествува во изборната трка се намалени, затоа што против него руските власти имаат покренато две обвинувања за наводни злоупотреби во управувањето со неговата канцеларија.

Би можело да ве интересира

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море