Русија и Грузија одржаа први директни разговори по прекинот на меѓусебните односи поради краткотрајната војна во август 2008 година, соопшти заменик шефот на рускиот министер за надворешни работи Григори Карасин.
– Постигнавме согласност дека треба да продолжиме со редовен дијалог во ист формат, изјави Карасин по завршувањето на вчерашниот состанок со специјалниот грузиски пратеник за Русија Зураб Абашиџ.
Претходно грузискиот министер за надворешни работи Маја Пандџикиѕ изјави дека цел на состанокот е да се постават основи за идни разговори.
Грузија и Русија немаат дипломатски односи од 2008 година, по краткотрајната меѓусебна војна.