Академијата за банкарство и информатичка технологија, АБИТ денеска ќе ја промовира првата генерација специјализанти.
На свеченоста ќе се обратат гувернерот на Народна Банка на Република Македонија Димитар Богов, претседателот на академскиот совет на АБИТ Драгољуб Арсовски, членот на Академскиот совет на АБИТ, Љубе Трпески и членот на Управниот одбор на АБИТ Тони Стојановски.
АБИТ е формирана во 2014-та година како единствена институција која нуди сертифицирана доедукација во сферата на банкарството и информатичките технологии. До сега едногодишните обуки ги поминаа над 100 слушатели, вработени во банки, студенти и невработени граѓани.
Во АБИТ членува Народна Банка на Република Македонија како и поголем број од банките – Комерцијална банка а.д., НЛБ Банка а.д., Стопанска банка а.д. Скопје, Еуростандард банка а.д., ТТК банка а.д. и Стопанска Банка а.д. Битола. АБИТ е поддржан и од финансиските институции како КИБС а.д., ЕОС Матрикх.