Ангелов: Се бунтуваат против изборот на Талат Џафери, а гласаа за ВМРО-ДПМНЕ откако го поставија за министер за одбрана

Од:

„Јас не сум среќен поради изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието но него го избраа мнозинството пратениците од македонското Собрание а не јас или вие. Исто како што мнозинството пратеници го избраа за Министер за одбрана. И колку тоа да не ни се допаѓа на некои од нас, ваквата одлука сепак е легитимна.

Интимно, никогаш нема да се помирам со фактот дека Талат Џафери е претседател на Собранието, исто како што никогаш не се помирив со фактот дека Талат беше Министер за одбрана. Но сепак, и тогаш и сега, ја почитувам вољата на мнозинството пратеници од Собранието на Репубилка Македонија бидејки пратениците, како претставници на граѓаните, се тие кои бираат Претседател на Собранието а не ние.

Од друга страна, се чудам на лицемерието на оние кои сега наводно се бунтуваат против изборот на Талат Џафери а во 2013-та гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и тоа само два месеци после именување на Талат за Министер за одбрана. Значи, секој глас за ВМРО-ДПМНЕ во 2013-та воедно беше глас за Талат Џафери за Министер за одбрана.

За крај, да потсетам на протестите кои „Достоинство“ ги организираше против Талат Џафери а на кои доаѓаа едвај по неколку стотини луѓе што значи дека на другите граѓани им беше сеедно тоа што Талат стана Министер за одбрана.

Сосем за крај, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ КАКО ДРЖАВА И СО ТАЛАТ И БЕЗ ТАЛАТ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО“ напиша Стојанче Ангелов на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Денеска 12 пожари на отворено од кои четири се целосно изгаснати

(ВИДЕО) Голем пожар помеѓу Свети Николе и Пробиштип

Горан Наумовски

Ахмети, кревај рачна со време, зад Мицкоски се бранителите од 2001 кои ве поразија во Арачиново – порача Ангелов

Ангелов: Со Предлог законот за бранители да се обесштетат семејствата на загинатите бранители

Горан Наумовски

Ангелов и Максути: Располагаме со три ертрактори подготвени за дејствување во случај на големи пожари

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он