Изложба „Круг и квадрат“ во кумановскиот Центар за култура

Од:

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечер ќе биде отворена изложбата „Круг и квадрат“ на академските ликовни авторки Петра Јовановска и Валентина Илијевска.

Љубителите на уметноста ќе имаат можност да разгледаат преку триесет дела коишто ќе бидат презентирани на изложбата, работени во комбинирана техника со нагласена употреба на колажот, графиката и дигиталниот принт.

Според Роберт Цветковски, стручен соработник за изложбена дејност во „Трајко Прокопиев“, постојат одредени сличности во творештвото на двете уметници, но истовремено, како што рече, публиката ќе ја воочи и особеноста на уметничкито израз претставен на колажните дела, како графики и дигитални принтови.

– И двете авторки се специјализирани за работење на графика и во тој сегмент имаат реализирано бројни изложби, проекти, имаат учествувано на ликовсни колонии и имаа среќа да се спојат и да најдат заеднички јазик во однос на нивните истражувања на темата круг и квадрат, како што е насловена изложбата, изјави Цветковски.

Двете авторки, нагласи, ќе се обидат да ги претстават своите концепти и истражувања во рамки на современиот визуелен израз базиран на дигиталната технологија и геометризирана структура, движејќи се по скалата од симплифицирани решенија до сложено структуирани композиции.

Изложбата се реализира со поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски