Турската амбасадорска Тулин Еркал Кара денеска беше во посета на општина Центар Жупа, каде на средба со градоначалникот Аријан Ибраим се запозна со работата и напорите на локалната власт.
– Ја запознав амбасадорката со низата реализирани проекти, дел од нив финансиски подржани од Република Турција, кои се однесуваат на подобрување на патната и друга инфраструктура, како изградбата и санација на училиштата. Ја запознав со природните богатства со кои изобилува нашата опшитната и поволните услови кои ги нудиме за привлекување странски инвестиции. Тоа би значело нови работни места и стопирање на миграцијата, по која е познато нашето подрачје . Посебно стана збор за заинтересираноста на турски бзнисмени да инвестираат во нашата општина, рече по средбата градоначалнкот Ибраим.
Амбасадорката искажа големо задовлство што е во посета на Центар Жупа, каде, како шо рече, се чувствува како во своето родно место, Бурса. – Пријателството и соработката меѓу нашите два народа и двете земји, Македонија и Турција, се потврдуваат и со овие посети на општините. Денеска сум во Центар Жупа а сум посетила и ќе посетувам и други општини. Се чувствувам навистина прекрасно тука, изјави Кара.
Амбасадорката Кара ја посети гимназијата „Ата“ и деветолеката „Мустафа Ќемал Ататурк“ во Центар Жупа, потоа деветолетката „Неџати Зекерија“ во селото Коџаџик, како и Спомен куќата на таткото на современа Турција, Мустафа Ќемал Ататурк, која е изградена врз темелите на куќата на неговиот татко Али Риза Ефенди во селото Коџаџик.