Нови 150 паркинг места за наплата во Штип

Од:

Се зголемува бројот на паркинг местата коишто ќе се наплаќаат во Штип. Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Игно Иванов денеска изјави дека на 11 нови локации во градот ќе се наплаќа паркинг местото.

Станува збор за нови 150 паркинг места, кај Градскиот пазар, над супермаркетот Туш, потоа пред главниот влез на Клиничката болница и на неколку споредни улички во центарот.

– Тоа се оние места каде што ние сметаме дека треба да правиме услуга за паркирање, од друга страна станува збор за имплементација на Законот за регулирање на сообраќајот од членот 7, односно да можеме да вршиме блокирање на непрописно паркираните возила во нашиот град, вели Иванов.

Тој истакна дека досега ЈП „Стипион“-Штип вршеше наплата на вкупно 520 паркинг места, а сега со дополнителните 150 ќе имаат вкупно 670 места. Иванов вели дека деновиве очекуваат да го добијат и мобилниот број на кој што граѓаните ќе можат да извршат наплата на паркинг место со својот мобилен телефон. Очекува овој систем да профункционира во мај. Една недела ќе имаат тестирање на системот, во кој период ќе бидат поставени и информативните табли низ градот, за наплата за паркинг место преку мобилен телефон.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски