Во Марибор продолжија демонстрациите против владата

Од:

Во Марибор, демонстрациите продолжија и денес, и покрај најавената оставка на градоначалникот Франц Канглер и непотврдувањето на неговиот мандат во Државниот совет (Горниот дом на парламентот).

Неколку илјади мариборчани со демонстрациите, кои се наречени “Четврто Мариборско востание”, бараат оставка на членовите на градскиот совет.

“Со оставката на Франко ја добивме првата битка, но се уште не сме победиле”, напишаа демонстрантите на социјалната мрежа Фејсбук, и додаа дека “се додека Францовите опашки се во градскиот совет со своето мнозинство ќе продолжат да уништуваат.”

Најголемите коалициски партии во градскиот совет Словенечката народна партија, словенечката демократска партија на премиерот Јанез Јанша и Партијата на пензионерите, до сега не покажаа подготвеност за негово распуштање.

На последните демонстрации во Марибор минатиот понеделник, кои се претворија во насилство, беа повредени 39 лица, од кои 25 полицајци.

Полицијата уапси 119 луѓе, од кои 25 лица се уште се во затвор.

Досегашните протести беа помасовни од денешните.

Протестите од Марибор се проширија на целата територија на Словенија, како израз на незадоволство на граѓаните против владините мерки за штедење, а протестираа и студентите, барајќи поквалитетно и подостапно студирање.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски