Кипарски грчки и турски активисти направија жив синџир преку тампон зоната што островот етнички го дели на два дела, за да протестираат против плановите на Турција за изградба на атомска централа, што, според нив, претставува закана за овој медитерански остров, пренесуваат американските медиуми.
Стотици активисти вчера се фатија за раце преку 70-метарската „зелена линија“ во Никозија меѓу меѓународно признатата Република Кипар и отцепениот турски дел на север од островот.
Турција планира да изгради АЕЦ од руско производство во Акуја, во округот Мерсин, на 90 километри од северното кипарско крајбрежје.